| четврток, 6 декември 2018 |

Луд финиш на мечот Ливерпул – Лудогорец

Нов драматичен финиш на европската сцена одигра бугарскиот тим Лудогорец, овојпат со неповолен исход и пораз на „Енфилд Роуд“ против Ливерпул. Англичаните славеа со 2-1 со победничкиот гол на Џерард од пенал во 93 минута, откако претходно Абало им донесе огромна радост на гостите од Разград со изрманувачки погодок во 91 минута. Радоста на дебитантите во Лигата на шампионите не траеше долго, а искусниот Џерард сигурно погоди за победа од 2-1 на Ливерпул. Претходно предност од 1-0 на домаќините им донесе Марио Балотели во 82 минута, што значи дека за нешто повеќе од десетина минути гледачите на „Енфилд Роуд“ видоа три погодоци.

Шампионот Реал Мадрид на уверлив начин со победа од 5-1 против Базел ја почна одбраната на титулата во ЛШ. Блескаа Бејл, Роналдо, Родригес и останатите офанзивци на „кралскиот “ тим и ја наполнија мрежата на Швајцарците.

Честа на гостите ја спасија Зенит со победа во Лисабон против бенфика со 2-0 и Андерлехт кој одигра нерешено, 1-1, во Истанбул против Галатасарај. На тој меч Горан Пандев беше стартер за домашниот тим и мина нецел час на теренот, пред да биде заменет.

Резултати, 1. коло во фаза по групи: Реал – Базел 5-1 (Суши 14 автогол, Бејл 30, Роналдо 31, Родригес 37, Бензема 79 – Гонзалес 38), Ливерпул – Лудогорец 2-1 (Балотели 82 и Џерард од пенал 93 – Абало 91), Бенфика – Зенит 0-2 (Хулк 5, Витсел 22), Јувентус – Малме 2-0 (Тевез 59 и 90), Монако – Баер 1-0 (Мутињо 61), Олимпијакос – Атлетико Мадрид 3-2 (Масуаку 13, Афелај 31, Митроглу 73 – Манџукиќ 38, Гризман 86), Галатасарај – Андерлехт 1-1 (Јилмаз 91 – Прает 52), Борусија Дортмунд – Арсенал 2-0 (Имобиле 45, Обемејанг 49).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top