Мари со својот пример најдобро ни покажува дека годините се навистина само еден обичен број. Таа ги пропатувала сите континенти и може да се пофали дека посетила повеќе од 100 држави. Оваа кул бабичка исто така во својата биографија може да впише и неколку релативно опасни авантури, пишува порталот BuzzFeed.

Таа се возела со теренско возило по афричките џунгли, возела боб санка на Нов Зеланд, се возела во балон во Австралија, се качила на Тигровото гнездо во Бутан, јавала коњ без седло во Аргентина и може да се пофали со уште еден куп вакви кул и несекојдневни авантури.

Мари вели дека ја започнала својата патничка авантура на 72 години кога го изгубила својот сопруг. Тој никогаш не сакал да патува, па додека бил жив тоа и ретко го правеле. Но, откако починал тој, Мари се одлучила дека сепак мора да го види светот, а тоа и сосема искрено го признава.
Иако е веќе влезена во десеттата деценија од својот живот, нејзе се’ уште не и недостига инспирација за нови походи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


