| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето уништи 200 хектари земјоделски култури во штипско

По втор пат ова лето штипска Лакавица погодена од невреме. Скоро целосно се уништени околу 200 ха површини под градинарски култури. Два дена континуирани силни поројни дождови го поплавија лакавичкиот регион со вкупна површина од близу 600 ха.

-Целата околина на Лакавица е поплавена. Од вливот на Брегалница, па се до браната Мантово. Тоа е целото земјоделско земјиште со кое ние активно се занимавама- изјави Слободан Стаменков, земјоделец

-Родот не е преполовен, туку од 70% до 80% е уништен- изјави Раде Ангеловски, земјоделец

-Штетите се огромни. Еве само овде има 20-30 тони домати скапани на земјата.- изјави Димче Колев, земјоделец

Најповеќе штета направило соноќешното невреме. Среќа, во несреќата било што водата од р. Лакавица и доловите се излеала на сите страни.

-Ако не беше тоа, ова се ќе беше под вода и куќи и стока и бавчи-изјави Слава Цветковиќ

Еден дел од земјоделските површини е осигуран, но осигурањето не ги покрива штетите од преголема влага и чести врнежи.

-Се осигурува само од град. Од овие временски услови не може да се осигура-изјави Димче Колев, земјоделец

Земјоделците велат дека самите не можат да ги проценат штетите и бараат помош од стручни лица.

-Од самата влага се скапе. Не можам да го приметам ниту јас како производител, зошто се појавува два дена по бербата.- изјави Раде Ангеловски, земјоделц

Од друга страна, постојаното губење на родот доведе до раст на цените на градинарските култури на пазарот пред подготвката на зимница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top