| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатиот Бугарин Цветан Василев уапсен во Белград

Познатиот бугарски бизнисмен Цветан Василев, по кого Бугарија има распишано меѓународна потерница за апсење, денеска и се предал на српската полиција во Белград, објави интернет изданието на белградскиот весник „Блиц“.

vasilev

Според весникот, Василев во придружба на неговиот адвокат дошол во една од белградските полициски станици, од каде се очекува да биде изведен пред суд, кој би требало да му одреди мерка притвор врз основа на меѓународната потерница.

Василев во Бугарија е осомничен за сомнителни финансиски активности, кои доведоа до една од најголемите банкарски кризи во земјата.

Поради стравување дека ќе биде уапсен, Василев на 28 јули побегна од Бугарија, по што судот донесе одлука за целосна заплена на неговиот имот. Според БТА, Василев во Србија пристигнал вчера.

Василев, кој важи за најбогат Бугарин, е мнозински сопственк на „Корпоративната трговска банка“, врз која во јуни годинава контрола презеде бугарската држава. Од тогаш се запрени сите трансакции на банката и се блокирани сите нејзини сметки на кои имало над 3,7 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top