Жерар Депардје потроши 600.000 евра за да си купи стан на црногорското приморје, а францускиот актер во изминатите 10 дена отворил и постапка за црногрско државјанство и пасош.
– Секако сакаше да вложи пари во некоја недвижнина во Црна Гора, но кога слушна дека има слободен стан во зградата на Новак Ѓоковиќ, беше воодушевен. Без размислување си купи дуплекс од 200 квадрати – вели извор за црногорските медиуми.

Станот во Тиват има две спални соби, голема тераса, две гостински соби, како и голема дневна соба. Исто така, има и приватен лифт, како и теретана. На таванот се наоѓа базен.
Квадратниот метар во оваа зграда изнесува три и пол илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


