Хотелот „Гидеон путман“ во Њујорк има нов викенд-пакет за оние идно разведени двојки. Имено за пет илјади долари, добивате неколкудневно мирно опкружување со специјални спа-третмани, кои ќе ви помогнат мирно да ја решите вашата разделба.
Како што пренесува „Њујорк пост“, во пакетот се вклучени и сеанси со професионални психолози, експерти за машко-женските односи, така што брачната двојка која смета дека на нивната заедница и се ближи крајот, тоа може да го направи на најбезболен можен начин, опкружени со убава природа и релаксирачки масажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


