| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца кандидати за советници биле кодоши

Komisija za lustracija

Тројца соработници на тајните служби нема да може да учествуваат на локалните избори откако Комисијата за лустрација утврди дека не го исполнуваат дополнителниот услов за вршење јавна функција, јави „Прес 24“.

Станува збор за еден независен кандидат за советник, еден предложен од ДПА и за еден кадар на владејачката коалиција, исто така, предложен за член на советите во една од општините.

Нивните решенија веќе се во Државната изборна комисија, која на седницата, која почнува во моментов, треба само да ги потврди и да побара од партиите да предложат други кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top