| четврток, 6 декември 2018 |

Саше Политико ја разобличува лагата на опозицијата

Screenshot_2014-09-16-14-00-24-1 (1)

Саше Ивановски – Политико во најавата за својот дневен весник кој треба наскоро да излезе во печат ја разобличува лагата на опозицијата за медиумските слободи и за контролата на власта врз медиумите. Тој отворено признава дека неговиот нов весник Политико нема да биде ниту независен, ниту неутрален,  и дека отворено ќе ги застапува интересите на опозицијата. Освен тоа, Политико тврди дека проопозициски се и весниците Утрински весник, Вест и Слободен печат.

Ако за четири од седум дневни весници Политико тврди дека се проопозициски тогаш за каква доминација на власта во печатените медиуми зборува и тој и остантите мегафони на опозицијата? Како опозицијата ја замислува демократијата во медиумите? Колку медиуми треба да бидат опозициски за да бидат задоволни во СДСМ?

Истиот овој Политико, пред некое време призна и дека СДСМ има проблем што зависи од Сорос, односно од донациите што ги дава на проопозициските медиуми за да ја плукаат власта.

– Значи јасно е дека СДСМ има голем проблем со тоа што зависи од Сорос затоа што во Сорос не се политичари, туку една банда на фантазери, уметници, теоретичари, замлатеници што во основа не е лошо, туку е симпатично, но проблемот е што овие луѓе појма немаат како се одбиваат избори, напиша тогаш Политико кој во исто време призна и дека Милчин му одредувал кој ќе му пишува колумни на сајтот.

– Јас кога го земав грантот од Сорос не смеев сам да си одредувам кои ќе ми бидат колумнисти, тие мораше да ги одреди Владе Милчин – пиша Политико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top