| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Олимпијакос се потсмеваат, штедиме како Ангела Меркел да ни е директор

Навивачите на Олимпијакос се потсмеваат со раководните структури во грчкиот фудбалски гигант, а на шега велат дека клубот купува ефтини играчи како Ангела Меркел да им е директор. Грција е во голема финансиска криза, а Олимпијакос е апсолутен владетел во тамошниот фудбал во новиот милениум, но се чини минаа времињата кога се купуваа големи ѕвезди и скапи играчи.

Олимпијакос вечерва го почнува новиот циклус натпревари во Лигата на шампионите, гостин им е шпанскиот првак Ателтико Мадрид, а интересно е што „црвено-белите“ од Атина купија дури 16 нови фудбалери за вкупно 17 милиони евра. Најсакпо е платен Пајтим Касами кој дојде од Фулам за 5 милиони евра, оттаму експресно во Олимпијакос се врати Митроглу за 3,5 милиони евра (беше продаден за 15 милиони евра), а сите останати засилувања тежат околу еден милион евра поединечно, дури и под таа сума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top