| четврток, 6 декември 2018 |

Турско-грчка средба за економска соработка

gul samarasНа средбата меѓу турскиот претседател Абдула Ѓул и грчкиот премиер Андонис Самарас, според соопштението, се разговарало за економија. Ѓул изјавил дека инвестициите на Грција во Турција во последните десет години достигнале 6,6 милијарди долари.

Во писмената изјава по средбата зад затворени врати, турскиот шеф на државата посочил дека економските и трговските односи меѓу Турција и Грција се развиваат добро, а стоковната размена меѓу двете земји во 2012 година достигнала речиси пет милијарди долари.

Ѓул уште изјавил дека бројот на турски компании што инвестираат во Грција, исто така, значително се зголемил, особено во сферата на банкарскиот сектор и морепловството и  додал дека се разгледуваат нови можности за соработка во областа на енергетиката и туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top