| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими е преморен, но ќе игра за Марибор во ЛШ

Агим Ибраими беше поштеден во Марибор при последниот дуел на словенечкиот шампион во домашното првенство, но ќе настапи утре во првиот меч во Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон.

Ибраими првпат ќе го почувствува „мирисот“ на луксузното натпреварување, а дебито е утре од 20.45 часот на домашен терен против опасните Португалци.

„Агим чувствува замор од напорното темпо. Имаше натпревари и во словенечкото првенство и за репрезентацијата на Македонија, па одлучивме да го одмориме против Крка. Добро е што ќе биде подготвен да настапи против Спортинг“, велат од таборот на Марибор. Со Горан Пандев, кој потпиша договор со Галатасарј, тоа ќе биде македонското дуо на фудбалери што ќе игра во новото издание на ЛШ, кое стартува вечерва. Галатасарај ќе игра на премиерата во Истанбул против Андерлехт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top