Дијалогот меѓу Белград и Приштина влегува во клучна фаза и во интерес и на двете страни е да се постигне компромис, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролка на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон.
– Нема многу време за компромис. Тоа го знаеме и ние и премиерите на двете земји. Дијалогот е во клучна фаза која сè уште е во тек, а ние работиме на остварување напредок – нагласи Коцијанчич пред почетокот на денешната средба на Ештон со премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел.
Коцијаничич потсети дека Европската комисија кон средината на април ќе поднесе извештај за текот на дијалогот, по што Европскиот совет ќе реши дали на Србија ќе ѝ додели статус на држава-кандидат за членство во ЕУ.
Главна тема на денешната средба меѓу Ештон, Дачиќ и Тачи, која почна околу 14 часот, е формирањето заедница на српски општини во Косово. Пред тројната средба се одржаа одвоени разговори на Ештон со двајцата премиери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово


