Програмата за следните четири години за локалните избори не се подготвува за неколку дена. Изработката на програмата е многу сериозна и долготрајна работа, која траеше повеќе месеци. Тоа е затоа што ВМРО-ДПМНЕ максимално одговорно се поставува кон ветувањата што ги дава пред граѓаните. Во секоја програма се опфатени сегменти од секојдневното живеење на граѓаните, врз основа на нивните реални потреби, изјави денеска Зоран Ставрески, член ан ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Програмите се изработени сериозно и професионално, со учество на самите кандидати за градоначалници, граѓаните од соодветната општина, централната власт, експерти.
При поднесувањето на кандидатурата на секој кандидат, постоеше обврска кандидатот да достави и своја програма со која би се претставил пред граѓаните на својата ипштина на следните локални избори.
Програмите на кандидатите подоцна се надградени со проекти од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Но, многу голема улога во надградувањето имаше и акцијата што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија, со која се собираа нови идеи од граѓаните. Голем дел од овие проекти пред вас се токму идеја на самите граѓани, разработена и прецизирана од нашите експертски тимови. Денес можеме да ви гарантираме дека токму тие идеи најмногу ни помогнаа да ги составиме овие програми и да излеземе во пресрет на сите граѓани во сите општини.
Овие програми не содржат неиздржани проекти, секој проект, без разлика во која област се наоѓа, дали е тоа во економијата, образованието, спортот и други области, е прецизно разработен, со средства и рокови, сакајќи да се осигураме дека овие проекти се возможни и реални.
Без разлика на пасивноста на СДСМ и останатите партии, ние ќе продолжиме со оваа практика бидејќи на неколку изборни циклуси граѓаните ни потврдија дека ова е вистинскиот начин кој го поддржуваат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


