Турција е еден од најголемите извори на странски борци за екстремистичката група „Исламска држава“ (ИД), пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на турски владини претставници и медиумски информации.
Во написот се наведува дека околу илјада Турци се приклучиле кон џихадистичката организација. Потенциран е примерот на 27-годишен поранешен борец, кој заминал во Сирија заедно со десетмина свои пријатели и се приклучил во редовите на борците на ИД по 15 дена обука. За време на борбите тој убил двајца мажи, учествувал во јавна егзекуција и погребал жив човек.
Според податоци на САД, Исламската држава има меѓу 20.000 и 31.500 борци.
Досега Турција му дава отпор на меѓународниот притисок за присоединување во коалицијата од држави, која има за цел преку воена сила да ја спречи офанзивата на ИД. Анкара нагласи дека сака да има единствено хуманитарна улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.