Со истрел од ловџиска пушка 69-годишниот Миле И. од демирхисарското село Мренога ги застрелал својот 40-годишен син Добре и уште едно 21-годишно лице. Инцидентот се случил утрово, во 2.30 часот во атарот на селото Мренога во Демир Хисар, кога трите лица биле во кривилов, јави „Прес24“.
Од здобиените повреди на самото место починал 21-годишниот Александар В. од селото Мренога, додека Добре со тешки телесни повреди е префрлен во здравствениот дом во Демир Хисар од каде, поради сериозноста на повредите итно е транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје.
Сè уште нема информации каква е неговата состојба.
Полицијата официјално го потврди случајот информирајќи дека се работи на целосно документирање на настанот по што се најавуваат соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка