Девојче родено со ХИВ било излекувано во раната фаза со стандардна терапија, соопштија истражувачите. Бебето од Мисисипи, САД, сега е старо две и пол години, а живее без терапија веќе една година и без знаци на инфекција. Од болницата велат дека се потребни дополнителни тестирања кај други деца за да се види дали терапијата ќе го има истиот ефект. Сепак, овој случај ќе го смени начинот на кој високоризичните бебиња родени со ХИВ се третираат, но и можност кон лек за деца со вирусот кој предизвикува СИДА.
– Ова е доказ на концептот дека децата со ХИВ може да бидат излекувани – вели доктор Дебора Персуд, виролог во Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор.
Ако наодите кај бебето останат здрави, тоа ќе биде втор случај на излекуван од ХИВ, по „Берлинскиот пациент“ од 2007 година.
Сепак, третманот кон девојчето бил сосема различен, со давање коктел од веќе познати лекови за третман на ХИВ. Девојчето е роено од мајка која била ХИВ-позитивна, но не лекувана, па докторите знаеле дека детето е родено со голем ризик за инфекција. Затоа е ставено на третман веднаш по 30 часа од раѓањето, дури и пред резултатите од тестирањето.
Сега девојчето ќе биде под постојано набљудување на здравјето. Докторите велат дека научиле многу за разликите на имонолошкиот систем кај новороденчињата и возрасните, како и кои фактори влијаат врз лекувањето на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


