| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на тивкиот Батум, 62 поени во последните 20 часа на СП

Николас Батум апсолутно заслужено си најде место во идеалната петорка на Светското првенство во кошарка што заврши во Шпанија, а тој е најзаслужниот за првиот медал со бронзена боја за Франција на мундијалите.

Неверојатното крило на триколорите имаше вистинско шоу во последните 20 часа на СП и постигна импресивни 62 поени вкупно на последните два меча што одлучуваа за медалите. Во полуфиналето кошаркарот на Портланд трејлблејзерс постигна 35 поени против Србија и приреди невидено шутерско шоу, а слична партија прикажа и во мечот за бронза против Литванија. Во малото финале Батум даде 27 поени и ја предводеше Франција до историски успех и прв медал од мундијалите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top