| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Јакимовски со деби арбитража во новата сезона од младинската Лига на шампиони

Македонскиот фудбалски арбитар Дејан Јакимовски утре ќе го има дебито во новата сезона од младинската Лига на шампионите во Истанбул на дуелот меѓу надежите на Галатасарај и на Андерлехт.

Јакимовски е еден од најталентираните и најдобри македонски судии, а ја доби довербата на УЕФА да суди меч од лигата што ја почнува втората сезона, а во неа играат фудбалери до 19 години. Дејан ќе има помош од двајца свои сонародници, а младиот скопјанец сѐ уште очекува да ја добие довербата од УЕФА во иднина да суди и натпревари од сениорската Лига на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top