Директорката на Интернациналниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Лабина Митевска, преку писмено соопштение до медиумите реагира на утринскиот инцидент на прес-конференцијата за филмот „До балчак“, на која режисерот Столе Попов го нарече отворањето на овој фестивал „селска манифестација“.
„Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Tоа се однесува oсобено на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит. Однесувањето на дел од филмската екипа на „До балчак“ сметаме дека е недолична и неправедна кон нас. Не постои светски фестивал кој бил вака навредуван од гостите. Доколку имало какво било недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на самото место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите. Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме“, вели Митевска во писменото соопштение.
Според директорката на Фестивалот, црвениот килим некому му се допаѓа, некому не, но тие се трудат да наликуваат на големите светски фестивали, така што и „Браќа Манаки“ го прават по тој терк.
„Навистина ми е жал ако црвениот килим и можноста да го претстави своето уметничко дело некој овој пат го искористи за лична промоција. Фестивалската програма е така конципирана што секоја година го ставаме фокусот на една ѕвезда. На отворањето ја имавме Жулиет Бинош и двајцата оскаровци-добитници на „Златна камера 300“. Вториот фестивалски ден беше насочен кон филмот „До балчак“. И во двата случаи се вложивме со сите расположливи капацитети и можности. Сите недоразбирања ги оставаме зад нас, она што е сега важно дека имаме еден мошне интересен филм, од добар автор, ние секогаш ќе ги поддржуваме квалитетните уметнички дела, затоа сме и тука“, завршува во соопштението Митевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!