
СВР Охрид поднесе пријава против 29-годишниот охриѓанец Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.
Пријавениот вчера без повод и причина физички го нападнал З.П.(46) вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, пријавениот извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја.
Поради сериозноста на повредите, З.П. е пренесен на државната клиника во Скопје на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова тепачка: Вработени во „Проаква“ се тепале на дежурство, едниот викал по странка која паднала во несвест
-
Тројца тинејџери од Тетово ќе одговараат за обид за убиство: Избол 17 – годишник со нож, па со мајка му се пријавил во полиција
-
Почнува судењето против дедото на Тамара за обид за убиство на Никола Тодоров
-
Српската естрада под истрага: Уапсени двајца пејачи на „Гранд“ поради обид за…


