Шефот на Службата за односи со јавност, урлал врз жена по што несреќната странка се онесвестила !
Двајца вработени во Проаква физички се пресметувале ноќта во сабота наспроти недела во работни простории на претпријатието, каде биле вработени како обезбедување – дознава „Охрид1“ од полициски извори.
Едниот чувар завршил со тешки повреди во Специјалната болница Свети Еразмо, а случајот се води и во СВР Охрид.
Шефот на службата за односи со јавност урлал по жена која се онесвестила
Инцидентите во Проаква не завршиле само со тепачката во саботата туку продолжиле и денес. Шефот на „Службата за односи со јавноста“, денес вербално нападнал странка која од викањето и вербалната агресија изгубила свест па интервенирала и брзата помош која несреќната жена ја однела на болница каде примала терапии за нарушеното здравје од претрпениот стрес кој и го направил вработениот.
И додека вработените меѓу себе жестоко се тепаат и завршуваат во болница, а други вработени напаѓаат граѓани кои ги изнесува брза помош , директорот на претпријатието Владимир Алексиоски одбива да даде изјава за медиуми и не одговара на повиците на „Охрид1“.
Алексиоски не се крие и не кажува дали презел дисциплински мерки против обезбедувачите кои меѓу себе се тепале до хоспитализација, и против Шефот на „Службата за односи со јавноста“ кој извршил вербален напад врз жена ( странка ) која завршила на болница од претрпен стрес.
извор: Охрид1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.