| четврток, 6 декември 2018 |

Сите скандали на принцот Хари – секс, дрога и алкохол

Princes-William--Harry-prin

Принцот Хари, кој денеска полни 30 години, зад себе има голем број скандали кои со години му задаваат гловоболки на кралското семејство.

Кога наполни 16 години почна да „дува“ марихуана и татко му Чарлс го прати во клиника за одвикнување за да му објасни колку алкохолот и дрогата можат да бидат опасни. Тоа не го уплаши, бидејќи често го имаше на насловните страници како во раните утрински часови се враќа од клубови и тоа пијан.

Во 2000 година беше обвинет дека нападнал фотограф пред еден клуб.

Еден од најголемите скандали беше оној кога Хари на маскенбал се појави во нацистичка униформа. Фотогафијата заврши на насловните страници со наслов „Хари е нацист“. Иако се извини и објасни дека ја носел униформата бидејќи таа години се одбележувала 60-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, неговиот избор предизвика шок и бес.

Хари имаше многу девојки, но тоа не е некој голем скандал. Првиот скандал се случи во 2012 година кога во еден хотел во Лас Вегас беше фотографиран гол, во друштво со повеќе девојки, како се забавува.

За ова однесување тој се правдаше дека морал да се отпушти по стресниот период во војската, а кралското семејство повторно мораше да се извинува за неговото однесување.

Тоа што наполни 30 години не значи дека ќе ги смени своите навики и ќе се одрекне од сите свои пороци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top