Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири комисии.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена одговорност и предлог-измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопстевност, двата во прво читање.
Комисијата за економски прашања ќе расправа за измените на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во прво читање, а Комисијата за локална самоуправа ќе ги разгледа измените на Законот за територијална организација на локалната самоуправа и Предлог-измените на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009 – 2019.
Членовите на Законодавно-правната комисија ќе разгледа повеќе предлог-дополнувања кои се на дневен ред на комисиите, меѓу кои на Законот за продажба на станови во општествена сопственост, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, сите во прво читање. Дневниот ред е дополнет со измени на повеќе предлог закони од различни сфери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.