| четврток, 6 декември 2018 |

Радост на „Олд трафорд“, Манчестер конечно победи, деби голови на Ди Марија и на Ерера (видео)

Манчестер јунајтед ја забележи првата победа во новото издание на Премиерлигата, а во четвртата рунда на „Олд трафорд“ падна Квинс парк ренџерс.

Сефте и тоа убедливо од 4-0 за радост на огромната армија навивачи на „црвените ѓаволи“. Одличен меч одиграа и летните засилувања Анхел ди Марија и Андер Ерера, а и двајцата се запишаа во листата на стрелците, за првпат во дресот на Манчестер јунајтед. Руни и Мата со по еден гол само ја потврдија првата победа во шампионатот на англискиот гигант.

Manchester United vs Queens Park Rangers 4-0… by aloush-emo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top