| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Качавенда ќе му го остави богатството на стриптизер (ВИДЕО)

Српскиот весник „Ало“ објави аудиоснимка која потврдува дека поранешниот стриптизер Дејан Несторовиќ и сегашен директор на НВО „Сигурна позиција“ е наследник на богатството на српскиот владика Качавенда. Имено, тие двајца на снимката разговараат за тестаментот, додека Качавенда му соопштутва на Дејан дека сите детали ќе ги дознае од судијата кога тој ќе умре.

Еве дел од разговорот:

Дејан: Јас не помислив, далеку било, ти да умреш, ти ќе живееш уште 100 години, сите ќе ги надживееш.

Качавенда: Ма пушти тоа.

Дејан: Само ме интересира што рече пред малку?

Качавенда: Па добро. Кога ќе умрам ќе слушнеш, ајде. Немој повеќе…

Дејан: Како јас ќе знам каде е тестаментот и кој мене ќе ми јави?

Качавенда: Ќе бидеш информиран преку судијата кога ќе умрам.

Дејан: За тој тестамент?

Качавнеда: Да, ајде…

Дејан: Леле, Боже, ти благодарам.

1433295-zstriper3

 Од весникот го контактирале Несторовиќ, кој рекол дека причините поради кои владиката Василије одлучил тој да биде еден од неговите наследници се бројни и нив детално ќе ги објасни во својот роман „Време за соблекување“.

1433267-kacavenda-i-nestorovic

– Најголема причина е изразитиот степен на христијанска љубов и специфичниот однос на блиска и мила личност, помеѓу мене и Василије Кацавенда, кои поедини епископи не ја разбираат, тука пред сѐ, мислам на Амфилохије и Григорије. Мојот владика е милионер, има банкарски сметки во Холандија, во Грција… Со денови ми зборуваше за милионите евра кои ги стекнал за време на војната (нафта, кафе, цигари, со давање пари на заем, изнајмување земјиште). Нему црковната позиција му помогнала да се збогати, но и да изгради 27 големи цркви од кои две во БиХ. Сакам да напоменам дека богатството не е од граѓаните, туку од дивиденди и од камати. Единствен човек кој не се откажа од него по порнофилмовите сум јас  – вели Дејан.

Контроверзниот владика Качавенда се поврзува со неколку скандали, меѓу кои компромитирачка снимка на која се бакнува со младо момче, сомнежи дека бил шпион на УДБА и луксузот во кој живее од сомнителни извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top