| четврток, 6 декември 2018 |

Седуммина пропагатори на Исламска држава уапсени во Индонезија

Индонезиската полиција вчеравечер уапсила седуммина радикални муслимани кои се осомничени за врбување млади луѓе за учество во борбите во Ирак и во Сирија. Осомничените се уапсени на островот Сулавеси, а четворица од нив дошле од  Туркестан. Тие ќе одговараат и за планирање заговор за формирање исламски калифат и во Индонезија, држава со најмногубројна муслиманска популација во светот.

Funeral for killed Palestinian field commander during ceasfire

Пренесувајќи ја веста за апсењето, новинската агенција Антара го цитираше министерот за правда и безбедност на Индонезија, Ѓоко Сујанто, кој повтори дека во оваа држава има нулта толеранција на радикалниот ислам. Министерот Сујанто е задоволен од улогата на верските водачи во спречувањето на пропагандата на радикалниот ислам, но  повторно обрна внимание на потребата да се спречат активностите на, наводни, странски мисионери кои се обидуваат со поткуп да привлечат млади луѓе за обука за терористички активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top