| четврток, 6 декември 2018 |

Кикс на Ристовски, фантастична „штикла“ на Менез (видео)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски дебитираше за Парма против Милан во италијанското првенство во еден од најубавите натпревари во последните десетина години во Италија, а за жал неговиот кикс го прослави Жереми Менез. Францускиот ас ја искористи грешката на македонскиот играч, кој се обиде да ја врати типката до својот голман и постигна прекрасен гол со „штикла“.

Мечот заврши со резултат 5-4 за Милан, а голот на Менез во 79. минута (втор за него на мечот) го одлучи победникот. Во тој момент беше 5-3 за гостите од Милано, а подоцна со автоголот на Де Шиљо, Парма намали на еден гол-разлика, но не успеа да извлече еден бод. Вториот гол на Менез и петти за Милан беше фантастичен и вреди да се погледне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top