| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновска: Реисот користи хитлеровска реторика

Интервју со Ва­лен­ти­на Бо­жи­нов­ска, пре­тсе­да­тел­ка на Ко­ми­си­ја­та за од­но­си ме­ѓу вер­ски­те за­ед­ни­ци, објавено во 13-от број на неделникот „Република“ (30 ноември 2012)

Valentina-Bozinovska-1

Ако е Бож­ја вол­ја со­јуз на ал­бан­ски зем­ји, се пра­шу­вам да­ли ре­и­сот ги чи­та мис­ли­те на Бо­га и тоа ме по­тсе­ту­ва на Хит­ле­ро­ва­та ре­то­ри­ка ка­де што и тој по­ви­ку­ва­ше де­ка Бог ја са­ка са­мо ари­ев­ска­та рас­а, ве­ли Ва­лен­ти­на Бо­жи­нов­ска, пре­тсе­да­тел­ка­та на Ко­ми­си­ја­та за од­но­си ме­ѓу вер­ски­те за­ед­ни­ци во ин­терв­ју за не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“. Спо­ред неа, про­це­сот за приз­на­ва­ње на МПЦ-ОА ќе трае дол­го, што е исто­ри­ски ира­ци­о­нал­но, но тоа што е нај­важ­но е де­ка Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква е жи­ва.

 

Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред Уста­вот, е се­ку­лар­на др­жа­ва, но, се­пак, вер­ски­те за­ед­ни­ци ка­ко да се др­жа­ви во др­жа­ва.
Божиновска: Пра­ша­ње­то на се­ку­лар­ност, од­нос­но од­во­е­но­ста на др­жа­ва­та, ни­ко­гаш не мо­же да се ка­те­го­ри­зи­ра до крај. Се­ку­лар­но­ста на др­жа­ва­та не зна­чи без­бож­ност или комп­лет­но од­во­ју­ва­ње на др­жа­ва­та и нa неј­зи­ни­от па­ноп­ти­кум, кој тре­ба да го има врз вер­ски­те за­ед­ни­ци. Име­но, и во на­ши­от за­кон има­ме де­ци­ден член што ве­ли де­ка ор­га­нот тре­ба да ги сле­ди актив­но­сти­те на вер­ски­те за­ед­ни­ци. Се раз­би­ра, не ка­ко во ко­му­ни­стич­ки­от пер­и­од, иа­ко за тоа вре­ме, спо­ред си­те биб­ли­о­граф­ски по­да­то­ци што ги има­ме во Ко­ми­си­ја­та за од­но­си со вер­ски­те за­ед­ни­ци и со ре­ли­ги­ски гру­пи, и во тој пер­и­од мно­гу рев­нос­но се од­не­су­ва­ле кон вер­ски­те за­ед­ни­ци, осо­бе­но во де­лот на фи­нан­си­ра­ње­то, и за­тоа сме­там де­ка комп­лет­но отки­ну­ва­ње на др­жа­ва­та би ре­зул­ти­рал со еден ба­ши­бо­зук во вер­ска­та кар­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Сѐ до­де­ка во за­ко­нот не се на­пра­ви ди­стинк­ци­ја ме­ѓу бро­јот на вер­ни­ци и по­тре­би­те за гра­де­ње вер­ски об­је­кти во за­вис­ност од тоа да­ли се ра­бо­ти за цр­ква, вер­ска за­ед­ни­ца или за ре­ли­ги­оз­на гру­па, ќе има не­у­сог­ла­се­ност во бро­јот на вер­ски­те хра­мо­ви и де­тал­ни­те ур­ба­ни­стич­ки пла­но­ви.

Во ми­на­ти­от број на „Ре­пуб­ли­ка“ прет­став­ни­ци на ИВЗ об­ви­ни­ја де­ка Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца е ди­скри­ми­ни­ра­на во зем­ја­ва и де­ка има не­кол­ку при­чи­ни за бој­кот на свет­ска­та вер­ска кон­фе­рен­ци­ја што тре­ба да се одр­жи во мај в го­ди­на. Ка­ко прв чо­век на др­жав­но­то те­ло што тре­ба да ги ре­гу­ли­ра од­но­си­те на ова по­ле, да­ли сме­та­те де­ка ИВЗ е во пра­во?
БожиновскаНе се сог­ла­су­вам де­ка од­но­сот кон ИВЗ е ди­скри­ми­на­тор­ски, ка­ко што бе­ше ка­жа­но во прет­ход­ни­от број на „Ре­пуб­ли­ка“ за­тоа што Вла­да­та, осо­бе­но пре­ми­е­рот и пре­тсе­да­те­лот се­ко­гаш би­ле отво­ре­ни за ди­ја­лог. Лич­но сме­там де­ка се­ко­гаш се на­о­ѓа­ло ре­ше­ние, ду­ри и та­му ка­де што сме на­пра­ви­ле про­пуст ка­ко Вла­да. Еве де­но­ви­ве во раз­го­вор со ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра ми бе­ше по­со­че­но де­ка ќе поч­нат под­го­то­вки­те за об­но­ву­ва­ње на Чар­ши-џа­ми­ја во При­леп за ко­ја, впро­чем, и ИВЗ има пот­пи­ша­но до­го­вор со Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра. Не гле­дам при­чи­на за ди­скри­ми­на­ци­ја и за бој­кот на свет­ска­та вер­ска кон­фе­рен­ци­ја од стра­на на ИВЗ и зо­што тие се­ко­гаш се од­не­су­ва­ат уце­ну­вач­ки пред се­кој го­лем и ва­жен на­стан ор­га­ни­зи­ран од др­жа­ва­та Ма­ке­до­ни­ја. Ако ве­ра­та про­по­ве­да љу­бов и по­ми­ру­ва­ње, зо­што то­гаш се од­не­су­ва­ат не­со­од­вет­но на ве­ра­та.
Во ци­ви­ли­зи­ра­ни­от свет не по­стои тер­мин уце­на и сè се ре­ша­ва пре­ку раз­у­мен ди­ја­лог. Да­ли еден пог­ла­вар, кој прет­ста­ву­ва го­лем број вер­ни­ци и др­жав­ја­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, е пра­вил­но да не при­сус­тву­ва на др­жав­ни и на­ци­о­нал­ни праз­ни­ци. Ди­рект­но би ги пра­ша­ла ИВЗ: „Да­ли до­се­га по­стои не­што со што се за­до­вол­ни?“

ИВЗ Ве об­ви­ну­ва де­ка сте ја ре­ги­стри­ра­ле но­ва­та вер­ска за­ед­ни­ца на при­леп­ски­те Ро­ми за да ја на­ма­ли­те мо­ќта на ИВЗ?
БожиновскаЈас не ре­ги­стри­рам вер­ски за­ед­ни­ци, ни­ту, пак, Ко­ми­си­ја­та за од­но­си со вер­ски­те за­ед­ни­ци и со ре­ли­ги­ски гру­пи има та­ква над­леж­ност, ре­ги­стра­ци­и­те се из­вр­шу­ва­ат во Су­дот. Во си­те из­ве­штаи на ЕУ, ка­ко и на Стејт де­парт­мен­тот, се по­со­чу­ва де­ка Ро­ми­те се мар­ги­на­ли­зи­ра­на гру­па во оп­штес­тво­то, де­ка тре­ба да се спро­ве­де пра­во­то за рам­но­прав­на за­ста­пе­ност на ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци во оп­штес­тво­то. Но­ва­та вер­ска за­ед­ни­ца Ех­ли су­нет вел џе­мат (на су­нит­ска ос­но­ва, ка­ква што е спо­ред Уста­вот и ИВЗ) до­би доз­во­ла за град­ба на вер­ски об­јект од стра­на на над­леж­но­то Ми­ни­стерс­тво за транс­порт и за вр­ски, а Оп­шти­на При­леп го под­го­тви ДУП и Со­ве­тот на гра­дот го изг­ла­са. Но, мис­лам де­ка гра­де­ње­то вер­ски об­јект – џа­ми­ја не е про­тив мус­ли­ма­ни­те и де­ка не пра­ви раз­дор ме­ѓу нив, а нај­мал­ку е про­тив ИВЗ и во­оп­што не е во спро­тив­ност со за­ко­нот.

По­сто­јат стру­е­ња што се про­тив Уста­вот на ИВЗ и на­чи­нот ка­ко се из­би­ра ре­и­сот и ре­и­са­тот.
БожиновскаМу­фти­и­те од ед­на стра­на го под­др­жу­ва­ат ре­и­сот би­деј­ќи со Уста­вот ус­пе­ал да ја за­шти­ти ИВЗ од ра­ди­кал­ни­те струи, но има и та­кви што се жа­лат на на­чи­нот на из­бо­рот на ре­ис-ул-уле­ма. Во чле­но­ви­те 34 и 35 за из­бор на ре­и­сот учес­тву­ва­ат ли­ца што се бли­ски до не­го и кои ди­рект­но за­ви­сат од не­го, а тоа се ге­не­рал­ни­от се­кре­тар, ди­ре­кто­ри­те и де­ка­ни­те на обра­зов­ни­те ин­сти­ту­ции на ИВЗ, пре­тсе­да­те­ли­те на здру­же­ни­ја­та на ИВЗ, Ил­мие и Хи­лал, и двај­ца чле­но­ви одре­де­ни од стра­на на ре­ис-ул-уле­ма, се­то тоа прет­ста­ву­ва за­тво­рен круг што зна­чи де­ка ре­и­сот сам се­бе­си се ре­из­би­ра. Ни­ка­де во Уста­вот не е одре­ден на­чи­нот на из­бор на ре­и­сот ту­ку во са­ма­та ИВЗ по­стои не­кој пра­вил­ник на из­бор што не е вле­зен во Уста­вот и се­ко­ја од­лу­ка што не му се до­па­ѓа на ре­и­сот има пра­во да ја сус­пен­ди­ра, а по­на­та­му ри­ја­се­тот да ја по­твр­ди. Но, се­то тоа се вна­треш­ни хи­е­рар­хи­ски пра­ша­ња, кои тре­ба са­ми­те да си ги ре­шат во ИВЗ.

Точ­но ли е де­ка за пос­лед­ни­ве пет де­це­нии бро­јот на ис­лам­ски вер­ски об­је­кти се зго­ле­мил за по­ве­ќе од 10 па­ти?
БожиновскаСпо­ред ана­ли­зи­те во Ко­ми­си­ја­та за од­но­си со вер­ски­те за­ед­ни­ци во 1962 го­ди­на има­ло 50 актив­ни џа­мии, се­га во 2012 го­ди­на има 580 мус­ли­ман­ски об­је­кти во кои спа­ѓа­ат и џа­ми­и­те од кул­тур­но­то нас­ледс­тво. Се­то ова не е проб­лем, на­про­тив, тре­ба да се гра­дат до­кол­ку вер­ни­ци­те има­ат по­тре­ба од тол­кав број вер­ски об­је­кти, но ди­ле­ма­та што ја имам е зо­што тие не се во сог­лас­ност со ур­ба­ни­стич­ки­от план и по изг­лед не се ка­ко тие во Гер­ма­ни­ја, Швај­ца­ри­ја и дру­ги европ­ски зем­ји, ка­де што вер­ски­от чин го из­вр­шу­ва­ат во об­је­кти што не го на­ру­шу­ва­ат изг­ле­дот на око­ли­на­та.

Ка­кви се искус­тва­та во дру­ги зем­ји ка­де што има по­ве­ќе вер­ски за­ед­ни­ци?
БожиновскаСе се­ќа­вам, ко­га во Ма­ке­до­ни­ја дој­де пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­си­ја­та за од­но­си со вер­ски за­ед­ни­ци на Ал­ба­ни­ја, гос­по­дин Ра­мис Ха­са­наи, отво­ре­но нè пра­ша да­ли со ва­ков изг­лед на џа­ми­и­те мо­же­ме да вле­зе­ме во ЕУ, бе­ше вчу­до­ви­ден. Под таа на­тап­ка­ност кај ма­ке­дон­ски­от на­род во име на по­ве­ќе­кул­тур­но­ста, а не во име на ме­ѓу­кул­тур­но­ста и по тој ци­ви­ли­за­ци­ски обра­зец се соз­да­ва илу­зи­ја, фру­стра­ци­ја, ди­скри­ми­на­ци­ја, не­га­ци­ја на иден­ти­те­тот и ко­ле­ктив­на ан­кси­оз­ност, за­тоа ова што го пра­ви Вла­да­та со гра­де­ње­то спо­ме­ни­ци е тоа што мо­же да ја по­ткре­не на­ша­та ан­кси­оз­ност и по­твр­да за на­ши­от иден­ти­тет за кое, за жал, СДСМ ни­ко­гаш не­мал раз­вој­на ево­лу­тив­на свест и нè во­ве­де во ла­ги, кли­шеа и отсус­тво на на­ци­о­нал­ни вред­но­сти. Вие на ни­е­ден член од СДСМ не мо­же­те да му ја об­јас­ни­те из­град­ба­та на Пор­та Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што под луш­па­та на нив­ни­от ча­лам е го­ла праз­но­ти­ја.

Valentina-Bozinovska-2

Да­ли спо­ред За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја др­жа­ва­та ус­пеа да им го вра­ти на вер­ски­те за­ед­ни­ци тоа што не­ко­гаш би­ло нив­но? По­стои не­за­до­волс­тво кај две­те нај­го­ле­ми вер­ски за­ед­ни­ци.
БожиновскаВо де­лот на де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја­та, сме­там де­ка ед­на­кво и ИВЗ и МПЦ-ОА тре­ба да се за­до­вол­ни и до­кол­ку го не­мав­ме овој за­кон, да­ли не­ко­ја вла­да ќе се се­те­ше да до­не­се ва­ков за­кон или да не е ка­ко во на­род­на­та Да не ба­ра­ме леб пре­ку по­га­ча.
Со до­не­су­ва­ње­то на овој за­кон не смее да по­стои не­за­до­вол­на стра­на. Се жа­лат од ИВЗ де­ка се ди­скри­ми­ни­ра­ни. Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во 1977 го­ди­на во Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти е при­ја­ве­на под име­то „Ста­ре­шинс­тво на ис­лам­ска за­ед­ни­ца во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“. Во 2002 го­ди­на до­не­ла од­лу­ка со ко­ја се сме­та се­бе­си за нас­лед­ник на си­от имот на Ис­лам­ска­та за­ед­ни­ца од рас­па­ѓа­ње­то на Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја. Освен Ста­ту­тот на ИВЗ, не по­сто­јат дру­ги за­кон­ски про­пи­си со кои е ре­гу­ли­ра­но пра­ша­ње­то по­вр­за­но со неј­зи­ни­от и со прав­ни­от кон­ти­ну­и­тет на му­фтив­ства­та. Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја при пов­ле­ку­ва­ње­то за по­ве­ќе об­је­кти не оста­ви­ла со­од­вет­на до­ку­мен­та­ци­ја за сопс­тве­но­ста на ва­каф­ски­от имот да­ли да би­де сопс­тве­ност на ИВЗ во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Но, доз­во­ле­те да ка­жам, ни­кој не­ма да има про­тив вер­ни­ци­те да си го вр­шат сво­јот вер­ски обред во вер­ски­те об­је­кти.
Др­жа­ва­та за се­кој де­на­ци­о­на­ли­зи­ран имот им исп­ла­ќа на вер­ски­те за­ед­ни­ци фи­нан­сии. Се на­де­вам де­ка и две­те вер­ски за­ед­ни­ци ќе ги иско­ри­стат фи­нан­си­и­те за по­до­бру­ва­ње на по­тре­би­те на вер­ни­ци­те.

 

Има ли Ма­ке­до­ни­ја ка­па­ци­тет да ги над­ми­не ме­ѓу­кон­фе­си­о­нал­ни­те раз­ли­ки, мо­же­ме ли да се со­о­чи­ме со сте­ре­о­ти­пи­те и со пре­дра­су­ди­те што на­о­ѓа­ат плод­на поч­ва кај тие што не­до­вол­но се поз­на­ва­ат. Да­ли сме­та­те де­ка Ма­ке­до­ни­ја сѐ по­ве­ќе оди во пра­вец на на­ма­ле­на ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу раз­лич­ни ве­ри и ет­ни­ку­ми.
БожиновскаСте­ре­о­ти­пи­те се­ко­гаш се пред­мет на кри­тич­ка и на те­о­ри­ска ре­ви­зи­ја и за­тоа сте­ре­о­ти­пот е мо­но­тон, здо­де­вен, до бе­скрај не­ин­вен­ти­вен, прост, еден вид кул­ту­рен от­пад, кој вед­наш тре­ба да се фр­ли и да се ре­цик­ли­ра за да не за­ми­ри­са. Ма­ке­до­ни­ја има ци­ви­ли­за­ци­ско пра­во да се от­трг­не од на­мет­на­ти­те сте­ре­о­ти­пи. Си­те тре­ба да вни­ма­ва­ме да не соз­да­ва­ме ка­кви би­ло гра­ни­ци за­што, под из­го­вор де­ка гра­ни­ци­те се не­по­вред­ли­ви, се соз­да­ва­ат но­ви гра­ни­ци, што мо­же да би­де мно­гу опас­но. Се­ко­гаш тре­ба да теж­не­е­ме кон воз­ви­шен кул­ту­рен мо­дел што тре­ба да за­зе­ме ви­стин­ски став кон ре­ли­ги­ски­те и со­ци­о­ло­шки­те тра­ди­ции, а ќе би­де опо­зи­ци­ја на ра­ди­кал­на не­га­ци­ја, аси­ми­ла­ци­ја и хи­бри­ди­за­ци­ја ме­ѓу две кул­тур­ни ма­три­ци. Е, кон та­ков ме­ѓу­кул­ту­рен ди­ја­лог тре­ба да се стре­ми­ме. Во ми­гов Вла­да­та има ед­на кам­па­ња што се од­не­су­ва на ет­нич­ки­те и на ре­ли­ги­ски­те при­до­би­вки во РМ и сме­там де­ка е од­лич­на, но таа тре­ба би­де кон­ти­ну­и­ра­на и по­го­ле­ма.

Кол­ку вли­ја­ни­е­то на ја­зи­ци­те на овој про­стор во ми­на­то­то и нив­на­та ин­тер­фе­рен­ци­ја при­до­не­су­ва­ат за де­неш­но­то ни­во на то­ле­ран­ци­ја?
БожиновскаМа­те­ри­јал­но­то кул­тур­но нас­ледс­тво од Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја во оваа со­вре­ме­на Ма­ке­до­ни­ја е ве­ќе дел од ма­ке­дон­ски­от до­мо­ро­ден хро­но­тип во кој со ве­ко­ви на ор­то­докс­на­та хри­сти­јан­ска кул­ту­ра се ис­пи­шу­ва­ше тек­сту­ра­та на ис­лам­ска­та кул­ту­ра. За да се сфа­ти со­вре­ме­на Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те тре­ба да се истак­не фа­ктот што по­ли­ти­ка­та на ја­зич­на то­ле­ран­ци­ја во­де­на од Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја при­до­не­ла кон оп­ста­нок на на­ро­дот. Раз­лич­ни­те на­ро­ди во со­став на Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја има­ле опре­де­ле­ни не­пи­ша­ни кул­тур­ни пра­ва спо­ред кои сло­бод­но го пра­кти­ку­ва­ле сво­јот мај­чин ја­зик, сво­ја­та на­род­на кул­ту­ра. Да не­ма­ло та­ква то­ле­ран­ци­ја, за пет ве­ка си­те Ма­ке­дон­ци би се кон­вер­ти­ра­ле и кон­фе­си­о­нал­но и ја­зич­но. Ко­ле­ктив­на­та кул­тур­на ме­мо­ри­ја на Ма­ке­дон­ци­те е за­чу­ва­на бла­го­да­ре­ние, мо­же­би, на не­ар­ти­ку­ли­ра­на­та, но дејс­тве­на то­ле­ран­ци­ја спре­ма кул­тур­ни­те раз­ли­ки, ко­ја по­сто­е­ла во хе­те­ро­ге­на­та Ото­ман­ска Им­пе­ри­ја. Ма­ке­дон­ски­от раз­го­во­рен ја­зик во се­бе со­др­жи 3.000 тур­циз­ми, без кои се не­за­мис­ли­ви ма­ке­дон­ски­те ро­ма­ни, рас­ка­зи ма­ке­дон­ска­та кни­жев­ност, ма­ке­дон­ска­та ја­зич­на ме­мо­ри­ја. Пред­ла­гам по­крај Ин­сти­ту­тот за ма­ке­дон­ски ја­зик да по­стои и истра­жу­вач­ки цен­тар за си­те кул­ту­ри во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, кој би по­мог­нал во ме­ѓу­кул­тур­ни­от ди­ја­лог.

Ка­ко ги тол­ку­ва­те пос­лед­ни­те из­ја­ви на пог­ла­ва­рот на ИВЗ со кои тој по­ви­ка на обе­ди­ну­ва­ње на си­те Ал­бан­ци мус­ли­ма­ни, кои кај дел од јав­но­ста проз­ву­чеа ка­ко по­ви­к на све­та вој­на?
БожиновскаОва е нај­експ­ли­цит­но изра­зу­ва­ње на еден чел­ник на вер­ска за­ед­ни­ца за по­ли­тич­ки и на­ци­о­нал­ни стре­ме­жи, што не е во над­леж­ност на ре­и­сот, и тоа соз­да­ва за­бу­на кај вер­ни­ци­те од ис­лам­ска ве­ро­ис­по­вед, не­тр­пе­ли­вост кај Ма­ке­дон­ци­те и ди­рект­на ата­ка врз су­ве­ре­ни­те­тот на ед­на др­жа­ва. По Охрид­ски­от до­го­вор, ис­цр­пе­ни се си­те пра­ша­ња по ет­нич­ка ос­но­ва во др­жа­ва­та. За жал, ИВЗ се по­ста­ву­ва над Бог и во др­жа­ва­та од ко­ја има при­до­би­вки и при­о­ри­те­ти ги ури­ва гра­ни­ци­те за да вос­по­ста­ви но­ви.

Јас ова би го на­рек­ла без­на­деж­на кон­фу­зи­ја на еден ум. Ва­ков тип из­ја­ви пра­ват кар­не­ва­ли­за­ци­ја во ме­ди­у­ми­те со тен­ден­ци­ја и по­тре­ба од јав­ни скан­да­ли блан­ши­рај­ќи ја ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја на овој на­род и за­ед­нич­ко­то жи­ве­е­ње на ма­ке­дон­ски­от и на ал­бан­ски­от на­род.

Ни­ед­ни гра­ни­ци не мо­жат да ги ре­ви­ди­ра­ат и да ги из­ме­нат тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти: на­ци­ја, ја­зик, др­жав­на не­по­вред­ли­вост на гра­ни­ци­те, де­мо­крат­ска про­це­ду­ра, пра­вен си­стем, вр­вен ква­ли­тет, не­ди­скри­ми­на­ци­ја, ет­нич­ка и ре­ли­ги­ска то­ле­ран­ци­ја.

Ако е Бож­ја вол­ја со­јуз на ал­бан­ски зем­ји, се пра­шу­вам да­ли ре­и­сот ги чи­та мис­ли­те на Бо­га и тоа ме по­тсе­ту­ва на Хит­ле­ро­ва­та ре­то­ри­ка ка­де што и тој по­ви­ку­ва­ше де­ка Бог ја са­ка са­мо ари­ев­ска­та рас­а. Тоа беа нај­го­ле­ми­те тра­гич­ни на­ста­ни за чо­веш­тво­то со мно­гу да­де­ни жр­тви. Се на­де­вам де­ка из­ја­ва­та е да­де­на во чуд­на емо­тив­на со­стој­ба на ре­и­сот.

Ако се ана­ли­зи­ра рас­по­ре­дот на си­ли­те во пра­вос­лав­ни­от свет, мо­же­ме ли да се на­де­ва­ме де­ка за не­кол­ку го­ди­ни, мо­же­би, и за ед­на или две де­це­нии, МПЦ-ОА мо­же да ста­не дел од т.н. ка­нон­ски пра­вос­ла­вен свет?
БожиновскаДо­де­ка го има­ме спо­рот со јуж­ни­от со­сед, тој спор, ин­ди­рект­но, е и спор за не­приз­на­ва­ње­то на МПЦ-ОА. Про­це­сот за приз­на­ва­ње на МПЦ-ОА ќе трае дол­го. Тоа е исто­ри­ски ира­ци­о­нал­но, но нај­важ­но е де­ка Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква е жи­ва, вте­ме­ле­на во вер­ски­от жи­вот, мно­гу по­моќ­на и по­жи­ва од мно­гу дру­ги по­мес­ни цр­кви во пра­вос­ла­ви­е­то. Лич­но сме­там де­ка, без раз­ли­ка кол­ка­во е вли­ја­ни­е­то на пре­тсе­да­те­лот То­мис­лав Ни­ко­лиќ врз СПЦ, се­пак, тоа тре­ба да се ре­ша­ва ме­ѓу СПЦ и МПЦ-ОА. СПЦ е до­вол­но свес­на де­ка про­е­ктот „Вра­ни­шков­ски“ е не­ус­пе­шен де­ка и во т.н. ПОА има рас­кол, на по­че­то­кот мис­ле­ше де­ка ќе има­ат по­ве­ќе при­вр­за­ни­ци, но уви­де де­ка таа, ед­но­став­но, ста­на мар­ги­на, се­га ве­ќе СПЦ не мо­же ни да ре­те­ри­ра ни­ту, пак, да ѝ по­мог­не на т.н. ПОА. Но, и за СПЦ и за МПЦ-ОА е нај­важ­но де­ка и на обе­те стра­ни им оди в при­лог да се ре­ши спо­рот и тре­ба да се под­др­жат по­чет­ни пре­го­во­ри во кои ќе би­дат вклу­че­ни ко­ми­сии за раз­ре­шу­ва­ње на спо­рот од две­те стра­ни.

Срп­ски­от пре­тсе­да­тел при по­се­та­та на Ма­ке­до­ни­ја ве­ти де­ка ќе по­мог­не в го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја до­сто­инс­тве­но да го прос­ла­ви АСНОМ. Мо­же ли Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но да сла­ви во „Про­хор Пчињ­ски“?
БожиновскаТре­ба да се поз­дра­ви по­зи­тив­ни­от од­нос на пре­тсе­да­те­лот Ни­ко­лиќ во од­нос на прос­ла­ва­та во ма­на­сти­рот „Про­хор Пчињ­ски“. Но­ви­от „Про­хор Пчињ­ски“ тре­ба да би­де ме­сто ка­де што ќе се сла­ви АСНОМ, Илин­ден. Во 2013 го­ди­на др­жа­ва­та тре­ба да го под­др­жи ка­ко но­во ме­сто за чес­тву­ва­ње од ка­де што ќе про­из­ле­зе нов ма­ни­фест за на­ци­о­нал­на ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма, до­ку­мент што ќе би­де до­не­сен со учес­тво на по­ве­ќе ин­сти­ту­ции.

Гр­ци­ја е единс­тве­на­та те­о­крат­ска член­ка на ЕУ. Во оваа зем­ја сè уште по­пот, а не ма­ти­ча­рот е тој што ка­жу­ва кое име мо­же, а кое не мо­же да се ко­ри­сти, па та­ка си­те ими­ња што ли­чат на ма­ке­дон­ски се за­бра­не­ти. Ка­ко мо­же­ме да оче­ку­ва­ме не­ка­ква про­ме­на ако две­те гла­ви функ­ци­о­ни­ра­ат во единс­тве­но те­ло и тоа по­ткре­пе­но со Уста­вот на Гр­ци­ја?
БожиновскаСѐ до­де­ка по­стои грч­ка­та ан­ти­ма­ке­дон­ска бор­ба, до­то­гаш ќе по­стои и проб­ле­мот на МПЦ-ОА. Но, нам ни оста­ну­ва да истра­е­ме во кон­ти­ну­и­ра­на­та по­твр­да на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Нив­на­та цел е кон­ти­ну­и­ра­на исто­ри­ска ла­га и хе­ле­ни­за­ци­ја на цел про­стор ка­де што има­ат свој ин­те­рес. Нам ни оста­ну­ва да ја зац­вр­сти­ме на­ци­о­нал­на­та свест и иден­ти­тет. До­че­кав­ме мла­ди лу­ѓе свес­ни за сво­јот иден­ти­тет, кои му­дро ра­бо­тат со од­лич­но тем­по.

Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top