| четврток, 6 декември 2018 |

Приведена ѕвездата на „Разузданиот Џанго“: се бакнувала со сопругот на улица, мислеле дека е проститутка

Coco Daniel Vats

Актерата Даниел Ватс, позната по улогата на робинката Коко во филмот на Квентин Тарантино „Разузданиот Џанго“ е приведена на улиците во Лос Анџелес затоа што се бакнувала со својот сопруг-белец Брајан Џејмс Лукас. Полицијата, според нејзиното тврдење, ѝ ставила лисици на рацете откако ѝ побарале лична карта, која одбила да им ја покаже.

– Денеска ми ставија лисици и ме приведоа затоа што ја јавно место искажував љубов кон својот сопруг. Бевме целосно облечени и само се бакнувавме на јавно место – напишала Ватс на својот профил на „Фејсбук“ и поставила фотографија на која се гледа како плаче пред полицајците што ѝ ставаат лисици.

gluma11_698537S0

– Кога седнав во нивниот автомобил на ум ми дојдоа неколку ситуации кога татко ми, бесен доаѓаше дома откако полицајците на улица ќе го малтретираа само поради бојата на неговата кожа. Овие солзи на фотографијата се поради земјата што себеси се нарекува слободна татковина на храбрите, но во неа  се притворуваат луѓе, кои само ги користат своите основни права. Едноставно не можев да верувам дека тоа ми се случува. Од мене излегоа сите најголеми фрустрации поради годините на дискриминација во оваа земја, додава актерката.

Нејзиниот сопруг на својот профил на „Фејсбук“ напишал дека подоцна дознал дека некој ја повикал полицијата затоа што сметал дека изгледаат како „проститутка и клиент“.

ljubavaa_698538S0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top