На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на лизгари, на влез во Кратово воведена е забрана за движење на автобуси и на товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони, информира АМСМ.
Според нивните информации од терен, лизгар има и на на 11. километар од патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.