Министерот за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.
Покрај средбата со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, Дачиќ ќе разговара и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
На средбите, како што најави МНР, ќе стане збор за вкупната соработка меѓу Македонија и Србија, како и за можностите за нејзино натамошно унапредување. Ќе се разговара и за одржување на втората заедничка седница на владите на двете земји, во Република Македонија, по можност до крајот на оваа година.
Посетата на Дачиќ ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионални организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.