Буџетот во Македонија се носи во едни се уште сложени околности во Европа, во светски размери се очекува идната година да има умерен раст, меѓутоа во европски размери се очекува низок раст, оцени премиерот Никола Груевски во вестите на ТВ Сител. Опоравувањето од кризата во европските држави се уште е бавно и ранливо, а за тоа придонесува и мини кризата која се создаде со состојбите во Украина, додаде Груевски.
-Ние одиме доста претпазливо, внимателно да не се случи да не пресретне некоја ситуација која што нема да можеме да ја надминеме или која што ќе ни направи поголем број на штети, рече Груевски.
Растот на економијата за следната година се предвидува да биде 4 отсто од БДП-то, а ќе се потпира на градежништвото, странските инвестиции и зголемената потрошувачка, како резултат на зголемувањето на платите во администрацијата пензиите и социјалната помош, што е уште едно остварено ветување од предизборието
– Септемвриската плата која се исплаќа во октомври веќе ќе биде со четирии процентно зголемување оваа година а истото ќе си тече и во следната година, а веќе во септември следната година е следното зголемување на пензиите од 5 отсто и во јуни следната година е зголемувањето на социјалната помош за пет проценти, посочи премиерот.
Буџетот за 2015 година изнесува 163 милијарди денари расходи и 181 милијарда приходи, а дефицитот е околу 18, 5 милијарди и е проектиран околу 3,5 отсто од БДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)


