| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел победи во Тирингија, Габриел во Брандербург

merkel_2673456bХристијанско-демократскатаунија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел победи денеска на изборите во Тирингија, а Социјалдемократската партија (СДП) на вицеканцеларот Зигмар Габриел на изборите во Брандербург, покажуваат првите резултати од гласањето во тие две покраини.

Евроскептичната партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) оствари голем успех и успее да влезе во двата парламента.

ЦДУ, според првичните резултати, доби во Тирингија 34 отсто, а Левица, настаната со спојување на поранешните источно-германски комунисти и ВАСГ партијата речиси 28 проценти, СДП 12 отсто, а АфД нешто повеќе од десет отсто, додека Зелените 5,5 отсто.

Во Бранденбург СДП освои 32,5 отсто, ЦДУ 22 отсто, Левицата 19 отсто, а Зелените 6,5 отсто, додека АфД дури 12 отсто од гласовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top