| четврток, 6 декември 2018 |

26-годишен штипјанец се задушил во сон

Дваесет и шестгодишниот Мишко Смилјанов од Штип, починал откако се задушил повраќајќи во сон.

Според полицијата, починатото момче во петокот вечерта, по завршувањето на работата во една обложувалница во Штип, отишло на забава во центарот на градот.

Доцна во ноќта, Мишко заминал на спиење кај еден негов другар и сосед во Штип. Од засега непознати причини, му се слошило додека спиел, и почнал да повраќа. Неговиот другар, кој спиел во истата просторија, забележал дека Мишко кашла, но набргу потоа престанал. Не станал од креветот оти мислел дека тој само се закашлал, и пак заспал. Дури напладне, кога се обидел да го разбуди другарот, видел дека Мишко не дава знаци на живот.

Како што се пренесуваат кажувањата на соседите, тие велат дека не забележале ништо сомнително ниту, пак, дека таа ноќ од станот каде што биле младите се слушала некаква врева.

Колегите на починатото момче велат дека Мишко бил примерен, и тој ден им се фалел дека ќе оди на голема забава. Полицијата го чека извештајот од извршената обдукција која ќе треба да покаже дали и колку алкохол испило момчето таа кобна ноќ, и која е причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top