
Иако во последниве неколку месеци многу се говореше за нивните односи и за тоа дека бракот им е во голема криза, па прашање на ден е кога ќе објават дека се разведуваат, изгледа дека Бијонсе и Џеј Зи се решени да го сочуваат својот брак. И во тоа ќе им помогне бебето!
На последниот концерт на нивната заедничка турнеја, Џеј Зи на специфичен начин ѝ откри на публиката дека пејачката е повторно во блажена состојба. Џеј Зи ги измени стиховите на песната „Beach is Better“, така што открил дека очекуваат второ дете. Џеј Зи отпеал: „затоа што е бремена со второто дете“ и така на публиката ѝ открил дека Блу Ајви ќе добие брат или сестра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


