| четврток, 6 декември 2018 |

Жулиет Бинош: Среќата ја наоѓам во себе (галерија)

Актерката Жулиет Бинош  изминативе два дена е гостинка на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Публиката ја следи на секој чекор. На денешната прес конференција салата во Домот на културата во Битола беше претесна за љубопитните обожаватели на во моментов е најбараната актерка.

zuliet-binos-6

Едноставна и преубава, Бинош ги мами насмевките и восхитот секаде каде ќе се појави. Публиката беше љубопитна и многумина и поставија прашања за нејзиниот приватен живот, начинот на кој ги избира улогите, соработката со бројни врвни актерски и режисерски имиња, а таа трпеливо ги слушаше и одговори на секое поставено прашање. Но, сепак, како што рече за неа најважна е внатрешната среќа.

zuliet-binos-7

-Среќата ја наоѓам во себе. Човек треба секогаш да има врска со себе, а не да ја бара среќата некаде надвор бидејќи на тој начин ќе остане несреќен и осамен. Јас откако воспоставив врска со себе ја најдов среќата, рече Бинош.

 

zuliet-binos-4

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top