Дваесет и три годишниот Л.А. од кичевското село Грешница е повреден откако во него било пукано од огнено оружје.
Немилиот настан се случил синоќа околу 2:30 часот, кога во дворот од семејната куќа на Л.А. дошле две лица маскирани со фантомки кои пукале кон момчето.
Л.А. бил погоден со два куршуми, по што итно бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар и е надвор од животна опасност, но задржан на лекување.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.