Намалениот број на ученици во училиштата е директна последица од погрешните политики кои СДСМ ги водеше минатите 20 години, рече на денешната прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев. Регирајќи на денешната прес-конференција на СДСМ дека бројот на ученици низ училиштата се намалува во последните седум години, откако Никола Груевски е на власт, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ очигледно ја промашиле својата прес-конференција.
ДСМ на оваа тема требаше да размислува кога беше на власт. Генерациите кои денес учат во училиштата се родени во време на владеењето на СДСМ, а нивните родители и генерациите на нивните родители биле директни жртви на погубните политки кои ги водеше СДСМ во минатото. Тие генерaции директно ја почуствуваа на својот грб криминалната приватизација и транзиција. Тогаш 200 000 семејства беа драстично осиромашени, а за демографијата тогаш никој воопшто ниту зборуваше ниту се грижеше.
СДСМ се занимаваше со богатење на своите блиски луѓе.
– Намалениот број на ученици во училиштата е директна последица од погрешните политики кои СДСМ ги водеше минатите 20 години. Својата прес конференција очигледно ја промашиле. СДСМ на секоја политика или мерка која ја превзема владата на ВМРО-ДПМНЕ во насока на подобрување на демографската состојба во Македонија секојпат се потсмеваат.Покрај тоа што ништо не превземаа, СДСМ изминатите години правеше опструкции преку нивните кадри и послушници во Уставниот суд на Република Македонија, па секој обид за подобрување на демографијата преку директна финансиска помош за повеќедетните семејства, превземено од ВМРО-ДПМНЕ, тие ја рушеа на Уставен суд – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа продолжи да работи интензивно на подобрување на сеопштата економска состојба и тие резултати ќе се покажат на среден и на долг рок. Освен директна поддршка на семејствата, се превземаат и низа други мерки за обезбедување на подобра иднина на младите во државата. Се даваат бенефиции на сите работодавци за вработување на млади лица до 29 години, се обезбедуваат кредитни линии за започнување на лични бизниси специјално за млади лица со поволни каматни стапки со цел самовработување, под повластени услови се продаваат станови за млади брачни парови, се обезббеди бесплатно школување во средното и основното образование, се обезбедија бесплатни учебници за децата и бесплатен превоз за ученици кои живеат подалеку од училиштата, се намали стапката за ддв од 18% на 5% за бебешките производи, училишниот прибор и уште голем број други мерки кои директно или индиректно влијаат на подобрување на демографијата во Македонија.
-Сите овие мерки кои ВМРО ДПМНЕ ги превзема се во насока на подобрување на сето она што СДСМ го уништи или пропушти да го направи во годините кога беше на власт. Со овие политики ќе дадеме директна помош на младите луѓе да се вработат, да основаат семејство и да имаат повеќе деца -велат од владејачката партија.
Само со континуирано работење повеќе години, оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги спречи и намали последиците од катастрофалната популациона и економска политика која ја водеше СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата



