| четврток, 6 декември 2018 |

Симултанка на Диего Коста, победа за Челси против Свонси

Диего Коста одигра фудбалска симултанка против Свонси, иако беше неизвесно дали воопшто ќе игра за Челси, а со хет-трик им донесе победа на „сините“ од Стемфорд Бриџ. Со пресврт по негативата од 0-1 Челси славеше со 4-2 и го презеде врвот на табелата токму од Свонси.

Најубедлив попладнево беше составот на Саутемптон во пресметката со Њукасл, што „светците“ ја добија со 4-0. Пеле даде два гола, а Корк и Шнејдерлин само ја потврдија убедливата победа со по уште еден погодок.

На гости победија Евертон против ВБА со 2-0 и Лестер против Стоук со 1-0. Нерешено 2-2 одиграа Сандерленд и Тотенхем, а идентичен исход, но без голови имаше на дуелот меѓу Кристал Палас и Барнли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top