При воздушен напад во Ирак врз припадници на исламистичката група Исламска држава биле убиени и осуммина џихадисти од Балканот, меѓу кои и еден од Македонија, објавија медимите во Приштина.
Како што јави дописникот на МИА, при вчерашниот воздушен напад се убиени осуммина Албанци, припадници на ИД, од кои шесттмина од Косово и по еден од Македонија и од Албанија.
Во списокт на загинатите, кој го објавуваат медиумите, се наоѓа и името на извесен Ебу Увејс од Македонија. Тој е втор македонски државјанин кој загина во Ирак, по Месуд Мусли(28) од Скопје, кој беше убиен пред три дена во Барса.
Заедно со десетте загинати во Сирија, официјалнот број на загинати македонски Албанци во овие две блискоисточни земји се искачи на 12. Досега официјално е потврдено дека од регионов се убиени по 12 Албанци од Македонија и од Албанија, 23 од Косово и еден од јужниот дел на Србија, поточно од село кај Бујановац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Познат американски кошаркар убиен по престрелка со полицијата
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Камионот цел ден го ваделе од насипот, штета над 200 илјади евра: Фотографии од сообраќајката во која Македонец излета од пат во Германија



