Американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс во своето обраќање на научната конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна, организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, даде изјава која се однесуваше на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а опозициските медиуми на површен манипулативен начин пренесувајќи само дел од изјавата се обидоа истата да ја извртат во нивна фунција.
– За жал во многу земји, и со жалење морам да кажам дека и во оваа земја, гледам водачи кои политиката ја гледаат како краткорочна игра за богатење на самите себе и на сопствената партија, што предизвикува конфликт во земјата, наместо да работат за да ги решат конфликтите. Мислам дека ова е рецепт за уривање на државата – рекол Волерс во изјавата која ја пренесоа опозициските портали.
Целосната изјава на амбасадорот Волерс вели дека “често гледа лидери кои бараат краткорочни политички интереси за себе и за нивните политички партии искористувајќи ги конфликтите наместо да работат на нивно смирување“, алудирајќи на политиката на ДУИ.
– За жал во многу држави, се плашам да кажам исто така и овде, премногу често гледам лидери кои бараат краткорочни политички интереси за себе и за нивните политички партии искористувајќи ги конфликтите наместо да работат на нивно смирување. Искрено, тоа е рецептот за неуспех на една земја. Се надевам дека конференции како оваа ќе покажат дека има подобар начин кој води кон мирна иднина на земјите како што е Македонија преку посветеност на сите страни за иднината на Македонија како мултиетничка демократија во која сите ќе се почитуваат и заедно ќе работат за посилна Македонија. Сакам да ве поздравам и да им се заблагодарам на организаторите за тоа што денеска овозможија историјата да ни е достапна на сите нас и преку искуствата и конфликтите од минатото да учиме за да обезбедиме подобра иднина, вели Волерс во изјавата која се однесуваше на ДУИ на конференцијата организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
Порталите со кои раководат Бранко Героски, Ацо Кабранов и други новинари кои отворено ја бранат политиката на опозицијата, се посрамотија во обидот на површен и манипулативен начин изјавата на амбасадорот Волерс да ја извртат во нивна корист, иако е сосема јасно дека обраќањето на Волерс на конференцијата организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците се однесува на владејачката албанска партија во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.