| четврток, 6 декември 2018 |

Модернизирање на производството на пченка

pcenkaВо кумановското село Романовце,  беше презентирано користењето на системот капка по капка. Со Проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси, при промоцијата на системот на нива со пченка се очекува зголемено прозводство. На презентацијата присуствуваше и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс кој рече дека овој систем е  економски и еколошки исплатлив.

– Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати,имавме раст од 50 проценти  на производството во Полог и Пелагонија, рече Волерс, додавајќи дека овој систем им помага на фармерите да заштедат време, вода, што го прави системот многу поефикасен, а воедно има помалку загадување.

Од Федерацијата на фармери на Македонија очекува бенифити со овој проект при производството на пченка и во прехранбената индустрија.

– Вредноста е што на овој проект е што директно им се објаснува на земјоделците дека со примена на агротехничките мерки по пропис се добива зголемување на производството, рече Љупче Станковски од Федерација на фаремери на Македонија.

Целта на четиригодишниот Проектот на УСАИД за ескпанзија на малите бизниси е поттикнување на економскиот развој на регионално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top