На последниот концерт во склоп на заедничката турнеја “On The Run” во Париз раперот Џеј Зи откри дека Бијонсе по вторпат е бремена.
Во текот на изведбата на песната “Beach is Better” раперот намерно измени еден стих и објави дека очекуваат бебе – “Затоа што е бремена со уште едно”, испеа тој во песната.
Најбогатиот музички пат на светот е во брак веќе шест години, а на крајот на 2010. година пејачката доживеа спонтан абортус кој го опиша како најтажната работа во нејзиниот живот.
Ќерката Блу Ајви парот ја доби на 7. јануари 2012. година, а првата бременост Бијонси ја откри додека настапуваше на доделувањето на MTV VMA наградите во 2011. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


