Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти – Отсек за тешки кражби, до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава гo предаде лицeто С.М.(19) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа една „тешка кражба “ и еден ,,обид за тешка кражба“. Од страна на судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.
Имено, пријавениот кривичните дела ги извршил на 10.09.2014 година во временскиот период од 11:00 до 13:00 часот на улиците „Михаил и Евтихиј“ и „Ѓорги Димитров“ на подрачје на Кисела Вода при што одзел поголема количина на златен и сребрен накит, еден женски часовник и пари при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Првото кривично дело ,,тешка кражба во обид “ пријавениот го извршил на тој начин што откако незабележан дошол пред куќа на ул.,,Ѓорѓи Димитров“ со прекачување на балконот од дневната соба и со употреба на подесен алат-штрафцигер и нож-бајонет за пушка насилно делувал помегу касата и крилото на балконска врата која успеал насилно да ја отвори, но бидејќи во тоа време бил виден од случаен минувач истиот се откажал од намерата и избегал од местото.
Второто кривично дело го извршил околу 13:00 часот на тој начин што истиот откако незабележан дошол пред куќа на улица „Михаил и Евтихиј“, влегол во дворот на куќата каде повторно со употреба на ножот-бајонет и штрафцигерот, насилно делувал помеѓу крилото и рамката на затворената влезна врата, која ја отворил и влегол во куќата, при што по извршено пребарување од спалната соба ги пронашол и украл парите и златниот накит. Непосредно по извршувењето на кривичното дело во куќата наишол сопственикот кој го забележал пријавениот како излегува од куќата и ја скока оградата која го дели со соседната куќа со намера да избега, истиот успеал да го фати пријавениот и да го предаде на Полициски службеници од ПС-ОН „Кисела Вода“ за понатамошна постапка .
Од извршениот прегледот кај пријавениот се пронајдени украдените пари и златниот накит и истите со потврда за привремено одземени предмети му се одземени и вратени на сопственикот. Во просториите на ПС-ОН „Кисела Вода“ извршен е информативен разговор со пријавениот кој во целост го призна и појасни кривичното дело.
Пријавениот во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи минува за сторени кривични дела од областа на имотните деликти ,,тешки кражби“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


