Актерот Бајруш Мјаку е овогодишниот лауреат на 22-то издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Наградата за највисоко актерско остварување ја доби за улогата на доктор Томас Стокман во драмата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Дино Мустафиќ, а во продукција на „Театарот на еден актер“ од Скопје и театарот „Ода“ од Приштина.
Меѓународното жири, чиј претседател беше минатогодишниот добитник на наградата, актерот Нико Горшич од Словенија, одлучи да му ја додели наградата на Мјаку за особено сугестивна актерска креација која го одразува неговиот творечки капацитет на исклучителен актер со меѓународно реноме и долгогодишно учество на ФКТ „Ристо Шишков“ и придонес во растежот на фестивалот.
Наградата која се состои од златен медаљон со ликот на Шишков и паричен износ од 1.500 евра му ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Заблагодарувајќи се, Бајруш Мјаку, рече дека ова е награда што ја посакува секој актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со „Коските што доцна доаѓаат“ во Струмица почнува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
-
Шишков бил затворен за „ј…м ти то“, а не „ј…м Тито“
-
Зијах Соколовиќ – лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
-
Педесетина актери ќе се натпреваруваат за единствената награда за актерско остварување „Ристо Шишков“