| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров по третпат светски првак

Македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров третпат по ред станува светски клупски првак во катарскиот град Доха на својот петти настап на светското клупско првенство.

Барселона во финалето го совлада тимот на Ал Саад со 34:26, а Кире Лазаров постигна четири голови.

Овој трофеј е трет оваа сезона за само неполни три недели со Барселона, со која откако премина од Мадрид во Каталонија освои 8 трофеи за нешто повеќе од една година. Овој трофеј е 41 во кариерата на Кирил Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top