Поранешниот албански премиер Сали Бериша комнетирајќи го апсењето на гувернерот на Централна банка на Албанија, Ардијан Фулани, оцени дека тоа е незаконско, дека е сталинистички чин на мафијашки клан, jави дописникот на МИА од Тирана.
– Апсењето на гувернерот Фулани е сталинистички чин, на една полициска држава и еден мафијашки клан и истото силно го осудувам. Свесен сум дека можеби има граѓани на кои мојата изјава нема да им се допадне. Но, на оние на кои не им се допаѓа ги прашувам како ќе се чувствуваа ако беа уаспени без ни минутка да ги прашаат како се викаат, – изјави Бериша по посетата на споменикот на „херојот на албанската демократија“ Азем Хајдари кој беше убиен пред 16 години пред седиштето на Демократската партија.
Бериша побара објективна и целосно транспарентна истрага, неиспуштајќи да обвини дека судските институции се под влијание на власта.
Апсењето на Фулани го искоментира и лидерот на Демократите и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, кој рече дека грабежот во Централна банка треба да се разветли, но апсењето на Фулани го нарече медиумски спектактл и обид премиерот Еди Рама да ја земе и банката под негово влијание.
Фулани(59) беше уапсен минатиот петок вечерта, а мерка притвор му беше одредена наредниот ден. Тој е во привор во посебна ќелија. За грабежот во банката од околу 7 милиони долари уапсени се вкупно 19 вработени. По барање на Надѕорниот одбор на банката Фулани е разрешен а функцијата гувернер, до изборот на нов, ја обавува Елисабета Ѓони, досегашна вице гувернерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


