Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ доживеа втора операција на бенигниот тумор, откако веќе 11 месеци е надвор од терените. Првично се сметаше дека вториот рекет на Србија отсуствува поради повреда на петтата, која го мачеше од јануари 2013 година и последователно се влоши во октомври.
Ова лето Типсаревиќ да претрпи операција, откако третманот со ласер и лекови не се покажаа ефективни. При рехабилитацијата, повредата се обновила со нов бениген тумор.
– Во јуни го оперирав еднаш бенигниот тумор на левата нога, но кога веќе мораше да почнам да тренирам, тој се појави на ново место до местото каде бев опериран – изјави Типсаревиќ.
Тенисерот е на третман во Германија, каде е со своето семејство, сопругата Билјана и нивната ќерка Емили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


