Кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопската општина Карпош, Андреј Петров, својата кампања ја почна денеска најавувајќи сигурна победа на здружената опозиција уште во првиот круг, пренесе „Плусинфо“.
Тој рече дека во трката за градоначалник за Карпош има еден српски радикален противкандидат, како и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. За своите партиски надлежности како секретар, Петров рече дека ингеренциите му ги предал на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, а до среда, нагласи тој, ќе бидат соопштени сите кандидати за градоначалници во сите општини.
Петров денеска, како што налага православната традиција, пред почеток на нова работа, за среќа и бериќет запали свеќа во црквата „Свети Пантелејмон“ во скопската населба Нерези, а на иконата остави 1.000 денари.
– Вие знаете да го направите вистинскиот избор – рече Петров и додаде дека граѓаните знаат да ги препознаат вистинските луѓе, луѓе кои ги ценат по принципи и направени дела.
– Со цел респект на мојот кандидат Јагнула Куновска, на нејзината возраст и како дама, сепак мислам дека на Карпош му треба млада и докажана личност да го води во следниот период. Во име на СДСМ и здружената опозиција, ги повикувам сите граѓани на Карпош, заедно да победиме уште во првиот круг – рече Петров.
Во политичката битка за Карпош, вели тој, со ВМРО-ДПМНЕ се супериорни, но во овој период ќе успее да победисо една позитивна кампања.
– Ќе го посетиме секој дом, секоја куќа, а на сите граѓани поединечно ќе ја презентираме програмата. Како што до 2008 година во државава од темел го изградивме училиштето „Јан Амон Коменски“, патеката за ролери и велосипеди, водоводот во Бардовци, Геоинформатичкиот центар и многу други проекти, така и денес ви ветувам дека ќе направиме многу градинки, училишта, пензионерски домови, спортски терени и паркови сè со цел за подобар живот на нашите сограѓани во Карпош – нагласи кандидатот на СДСМ за градоначалник на Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)