| четврток, 6 декември 2018 |

Од еболата починаа повеќе од 2.400 лица

Ebola_Virus_Victim

Бројот на лица кои починаа како последица на инфицираност со вирусот на еболата надмина 2.400, додека во исто време се регистриани вкупно 4.784 луѓе заболени од оваа болест, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Бројот на смртните случаи од ебола расте побрзо од темпото на зголемувањето на способноста на властите за справување со епидемијата, изјави генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан.

Таа воедно повика на меѓунардона поддршка за државите кои се најтешко погодени од еболата – Гвенија, Сиера Леоне и Либерија и апелираше за испраќање на медицински тимови и лекови во овие три земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top